Кошаркарите на Реал Мадрид го декласираа Фенербахче среде Турција со 94-65, во рамки на 25. коло во Евролигата.

Ова во ниту еден елемент од кошаркарската игра не наликуваше на дерби дуел, иако пред почетокот го носеше тој префикс. Тимот од Мадрид доминираше во секој сегмент од играта, освојувајќи ги сите четвртини од овој натпревар и затоа не е изненадувачки за крајниот резултат, односно поплавата на турските вице-шампиони на свој паркет.

Најефикасен кај гостите беше Џејси Керол со 20 поени, 16 забележа фантастичниот Валтер Таварес, чија појава во рекетот ги фрустрира скоро сите центри во Евролигата.