Подарок од Црвена Звезда, овации од „Делии“ за Лука Дончиќ (ФОТО+ВИДЕО)

Еден од најдобрите млади кошаркари на светот Лука Дончиќ игра за Реал Мадрид, но навива за Црвена Звезда.

Овие два тима во моментов играат во Белград во рамки на Евролигата, а пред дуелот призна дека белграѓани ги имаат најдобрите навивачи во Европа и дека Црвена Зведа му е омилен тим.

Пред натпреварот, Црвена Звезда му даде подарок на младиот Словенец, а навивачите го поздравија со громогласен аплауз. Ретко кои противнички играчи добивале ваков пречек во Белград, особено ако никогаш не го носеле дресот на „црвено-белите“.