Почина италијански судија пред натпревар во Лигата на шампиони

Кошаркарската јавност е во шок откако судијата Џанлука Матиоли починал синоќа во болница во Шпанија.

Италијанецот имал само 50 години и требало да го суди натпреварот помеѓу Мурсија и Монако во ФИБА Лигата на шампиони. На Матиоли му се слошило на неколку минути пред почетокот на дуелот и веднаш бил префрлен во болница, каде набрзо починал. 

Според информациите, тој починал од инфекција, но не се соопштуваат повеќе детали.