Пешиќ урлаше кон своите: Ова е циркус, а не кошарка, не ме зае*авајте! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона славеа над Мурсија во рамки на 10-то коло во АЦБ-лигата, а натпреварот го одбележа тајм-аутот на српскиот тренер и предводник на каталонскиот гигант Светислав Пешиќ.

Незадоволен од настапот на неговиот тим, Пешиќ повика тајм-аут и прво им се обрати на своите избраници на англиски и шпански јазик, а потоа продолжи на српски.

Ова е циркус, ова не е кошарка. Еден она пет. Не разбирам, сакате да играте еден на пет, викаше Пешиќ.

Сепак, излагањето на Пешиќ не можеше да помине без српски.

Немојте да ме зае*авате, додаде Пешиќ.