Перо Антиќ заигра оро среде емисија на Евролигата (ВИДЕО)

Центарот на Црвена Звезда, Перо Антиќ, беше гостин во популарното шоу на Евролигата, кое овој пат беше посветен на фајнлфорот, кој ни следува во Белград.

Во најновата епизода на „Кул Евролига“ на јутјуб каналот на Евролигата, Антиќ зборуваше на различни теми, а една од неизбежните беше ривалството меѓу Црвена Звезда и Партизан.

„Тоа е омплициран однос. Тоа е како воена зона кога се игра дербито, тоа е повеќе од животот. Можеш да ја освоиш Евролигата, но ако не го добиеш дербито... комплицирано е, не е како во Турција, или Грција, каде што не е дозволено навивачите на двата клуба да бидат заедно во салата. Во Србија тоа е дозволено и уживам во таквата атмосфера“, објаснува Антиќ.

Центарот на Црвена Звезда, исто така, откри кои навивачи му останале во срцето.

„Навивачите на Ц. Звезда, Олимпијакос и Фенербахче ги сметам за најдобри, тие ми останаа во срцето“, вели Антиќ.

А потоа направи одличен потег, кога одлучи да заигра оро во емисијата.