Панатинаикос во тесен дуел го победи Макаби

Грчки Панатинаикос успеа да победи во првото коло од Евролигата на домашен терен против Макаби Тел Авив со 89-84.

Дуелот почна израмнето со одлична игра на двете екипи во напад, па по првата четвртина резултатот беше 26-24 за екипата од Атина, а на полувремето Панатинаикос замина со еден поен разлика (46-45).

Во второто полувреме продолжи неизвесната игра, а Панатинаикос ја зголемуваше полека својата предност како поминуваше времето, па на крајот триумфираа со 89-84.

Најдобар стрелец кај Панатинаикос беше Мет Лојески со 20 постигнати поени, додека кај тимот на Макаби најефикасен беше Мајкл Рол со 15 постигнати поени.