Панатинаикос на крилјата на Рајс го реши Олимпијакос во Атина

Во одличен меч во Атина вечерва победија кошаркарите на Панатинаикос против лутиот ривал Олимпијакос со 99-93.

Панатинаикос подобро го почна мечот, па на крилјата на неверојатниот Рајс на полувреме заминаа со седум поени предност. Но, Олимпијакос не се предаваше, па се вратија во живот и обезбедија продолженија.

Таму повторно Рајс ги зема работите во свои раце, па го предводеше својот тим до победа со 41 постигнат поен против Олимпијакос.

На последниот меч вечерва Анадолу Ефес славеше против Басконија со убедливи 102-77.