Ова ни во Македонија го нема: Играат во Еврокупот, а за 40 минути дадоа едвај – 35 поени!?

Еврокупот е второ најквалитетно кошаркарско натпреварување во Европа, после Евролигата, ама италијанска Бреша така се избламира во пресметката со Дарушафака, откако за 40 минути во пресметката од четвртото коло успеаа Италијанците да дадат едвај – 35 поени.

Да постигнеш 35 поени во елитна кошарка е безмалку мизерно и срамно, ама на Бреша тоа и се случи. Дури ни во Македонија, кое е далеку од квалитетно, не се случува некој „аматерски“ тим да одигра така ужасно кога станува збор за постигнати поени.

Бреша во пресметката со Дарушафака успеа во три од четирите четвртини да даде помалку од двоцифрен број на поени. Најмногу дадоа во втората четвртина и тоа 15, а во останатите погодија еднаш пет поени, па шест во третата и девет во четвртата. Мечот заврши со победа на турскиот тим со 61-35.

Во италијанскиот тим најефикасен бил Авуду Абас со 12 поени, единствен со двофицрен кошгетерски учинок. А, само треба да ја погледнете очајната статистика. За два поени 7 од 35. За три поени – 5 од 26. Најуспешни беа од слободни фрлања – 75 отсто. Само што шутираа осумпати.