„Откажете ја сезоната во Израел, сакаме да си одиме дома!“

Странските кошаркари бараат од кошаркарскиот сојуз на Израел да ја откаже сезоната и да ги пушти да си заминат од државата во нивните домови.

Во Израел во моментов владее воена состојба поради конфликтот со Хамас, поради што странците не се чувствуваат безбедно.

Раководството на израелската лига планираше да го префрли шампионатот во некоја друга земја, но кошаркарите го одбија предлогот.

„По консултациите, долгите и тешки разговори со колегите од сите тимови, дојдовме до следниот заклучок. Во наш интерес е, поради безбедноста, да се откаже лигата. Иако ги почитуваме напорите на лигата да го префрлат првенството во друга држава, сепак ние не сакаме да одиме никаде, освен дома. Ако ризикуваме да летаме, тогаш тоа ќе биде само за да си заминеме во татковината“, соопштија кошаркарите од Израел.