Олимпијакос ја реши Валенсија, Барселона без проблеми против Зенит

Денеска беше комплетирано второто коло во Евролигата, а победи запишаа екипите на Барселона, Анадолу Ефес, Олимпијакос, Милано и Химки.

Олимпијакос славеше со 89-63, а пресуди одличната игра на грчката екипа во првото полувреме, кога имаа водство од 20 поени.

Најдобри во редовите на Олимпијакос беа Милутинов и Спанулис со по 17 поени, а кај Валенсија најефикасен беше Џорџ Лојд со 12 поени.

На останатите натпревари, Барселона славеше во Зенит со 87-63, Химки на домашен терен ја победи Басконија со 79-76, додека Милано го „тресна“ Жалгирис со 85-81, а Анадолу Ефес беше подобар од Алба Берлин со 106-105 по продолженија.