Официјално: Гасол се врати во Барселона по 20 години

Барселона потврди преку социјалните мрежи дека во тимот по 20 години се вратил Пау Гасол, кој ќе остане во каталонскиот гигант до крајот на сезоната.

Гасол веднаш се јави со кратко соопштение на Твитер откако потпиша со Барселона.

„Среќен сум што се враќам во клубот во кој ја почнав кариерата и возбуден сум за шансата. Се надевам дека ќе му помогнам на првиот тим“, напиша Гасол.

Искусниот кошаркар го носеше дресот на Барселона од 1998 до 2001 година, а потоа се пресели во НБА-лигата, каде што мина 18 сезони во тимовите на Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лос Анџелес Лејкерс.