Обрадовиќ спасуваше: Калиниќ лудуваше со навивачите, ривалот тргна да го тепа! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче се пласираа во полуфиналето од плејофот во Турција, откако синоќа го згазија Турк Телеком (92-59) за 2-1 во четвртфиналната серија, меч кој ќе се памети и по инцидентот во кој централна фигура беше српскиот репрезентативец Никола Калиниќ.

Тој пред крајот, кога беше повлечен на клупата, почна да слави заедно со домашните навивачи и да гестикулира кон противникот, што донесе револт кај кошаркарите на Турк Телеком, кои се обидоа физички да го нападнат. Дојде до мешаница во која во одбрана на Калиниќ се вмеша и тренерот Жељко Обрадовиќ, па за среќа не дојде до поголем инцидент.

Ситуацијата се смири само со по една техничка за Калиниќ и за еден играч на гостинот.