Обрадовиќ официјално го напушти Фенербахе

Жељко Обрадовиќ повеќе не е тренер на Фенербахче, објави турскиот клуб. Српскиот стратег одлучил да ја напушти клупата и да земе една година одмор од кошаркарката.

Тој не се согласи да го води тимот, кој следната сезона ќе има сериозно намален буџет и по разговорот со претседателот Али Коч решил да си замине.

На клупата на турскиот гигант седеше цели седум години, а во сезоната 2016/2017 му ја донесе на тимот единствената титула во Евролигата. Во тој тим беше и македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

„Ми беше голема чест да бидам дел од еден голем клуб како Фенербахче. Ова е нов почетокот за клубот, не е крајот. Сигурен сум дека навивачите ќе продолжат да го подржуваат клубот во овој процес и ќе имаат можност повторно да слават големи успеси како и претходно“, стои во соопштението на Србинот.

Со Фенербахе освои и четири шампионски титули во Турција и три национални Купови.