Обрадовиќ: Горд сум што постојано праќам играчи во НБА лигата (ВИДЕО)

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, по повод доаѓањето на Де Коло на турскиот гигант, даде интересна изјава во всрак со досегашните играчи кои под негова заслуга заминаа во НБА лигата.

Имено на крајот од сезоната Фенербахче се раздели од Николо Мели кој го појача Њу Орлеанс, како и од Марко Гудуриќ кој потпиша за Мемфис.

Нема причина да бидам незадоволен поради заминувањето на моите играчи во НБА лигата. Можеби Марко тоа го направи на изненадување на многумина, но тој заслужува да се испроба во НБА. Горд сум на нив, пред се поради тоа што постојано испраќам играчи од мојот тим во силната лига. Им посакувам се најдобро во продолжението на нивната кариера, изјави трофејниот Обрадовиќ.

Тој потоа се надоврза и на новиот трансфер кој пристигна од актуелниот шампион во Евролига, екипата на ЦСКА (М).

Ние сме тим кој има најголеми цели и мораме да бидеме конкурентни против секој противник. Секој кој следи кошарка зкае каков играч е Нандо. Среќен сум што сега тој е мој играч, истакна деветкратниот шампион во Евролига.