Нов меч, нов испад на Репеша: Хрватот повторно удри свој кошаркар (ВИДЕО)

Хрватскиот кошаркарски тренер Јасмин Репеша повторно се најде во центар на вниманието, откако неодамна удри еден свој играч, па сега истото го повтори со друг – Симоне Заноти.

На мечот на Пезаро на гостувањето кај Сасари, Репеша повторно беше во елемент, удирајќи го Заноти, откако претходно му објаснуваше нешто. Очигледно Хрватот има проблем да ја исконтролира нервозата.