Невидено лудило: Се налути дека заби преку него, па со бокс го – нокаутира (ВИДЕО)

Дејвид Самуелс од австриски Капфемберг толку се налути што Ервин Зулиќ од Флаерс Велс заби во обрачот и висеше на него, па му удри таков бокс што веднаш го нокаутира. Нејасно е што толку го погоди забивањето, ама после големиот инцидент, по кој сите останаа зачудени, немаше извинување од никого – ниту од играчот, ниту од клубот.