Нестварно: Германците за само четири десетинки го расплакаа цел Израел! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Германија веќе и теоретски обезбедија пласман на Светското првенство (СП) в година во Кина, откако синоќа, на чудесен начин, на домашен терен, по едно продолжение го совладаа Израел со 112-98.

Крајната позитива можеби делува убедливо, но „панцерите“ спасуваа жива глава на крајот од регуларниот дел, кога изедначувачкиот кош за 92-92 го постигнаа буквално со звукот на сирената. Германците одиграа магична акција за која имаа само 0,4 секунди и со цепелин по уфрлување на топката од аут дојде до драгоцената победа.

Најрадосни од овој епилог излегоа српските кошаркари, на кои германските колеги им ги зголемија шансите да ја видат Кина совладувајќи го нивниот директен ривал. Претходно, избраниците на селекторот Александар Ѓорѓевиќ славеа слична победа на Грција на гости кај Грузија (86-85) исто така остварена со кош постигна со звукот на сирената.

ТАБЕЛА ГРУПА Л: Грција 8-0, Германија 8-0, Србија 4-3, Грузија 3-5, Израел 3-5, Естонија 2-5. (пласман на СП обезбедуваат првопласираните три селекции)