Неколку изненадувања во Евролига: Реал падна во Турција, Химки го прегази Баерн

Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид го претрпе и вториот пораз во четвртото коло од Евролигата, откако на гостувањето во Турција загуби од Анадолу Ефес со 76-60.

По првите две израмнети четвртини, Реал Мадрид замина на полувреме со минимална предност од 29-31. Но, во второто полувреме „Кралевите“ целосно потфрлија и на крајот сосема заслужено дојдоа до победата. Најефикасни во победничкиот состав беа Крунослав Симон и Брајан Данстон со по 17 поени, додека на спротивната страна Серхио Љуљ постигнати 14 коша.

До победа во ова коло стигна и гршки Панатинаикос, славејќи со 79-89 на гостувањето против Зенит во Русија. Најзаслужен за победата на грчкиот тим беше Џимер Фредит со 22 поени, а 17 поени постигна Томас.

Исто така и екипата на Макаби забележа втора победа, откако на домашен терен беше подобра од Баленсија со 76:63. Најефикасен кај домаќинот беше Скоти Вилбекин со 14 поени, додека кај гостите се истакна Џордан Лојд со 17 коша.

Големо изненадување приреди Химки на гостувањето во Германија, славејќи над Баерн со 74:87. Освен во првата четвртина, гостите ја имаа резултатската контрола во текот на преостанатите три периоди и на крајот сосема заслужено дојдоа до третата победа во ова натпреварување. Сосема очекувано најефикасен во победничкиот тим беше Алексеј Швед кој постигна 19 поени.