Навивачите на Црвена Звезда го навредуваа Човиќ, капитенот Лазиќ веднаш го одбрани

Црвена Звезда вчера го доживеа третиот пораз сезонава во Евролигата и тоа на домашен паркет од Барселона со 65-73.

Навивачите на „црвено-белите“ не беа задоволни од играта на Филип Човиќ, кого го обвинија за серијата слаби резултати на тимот. По завршувањето на натпреварот дел од навивачите му се закануваа на Човиќ, но капитенот Бранко Лазиќ веднаш застана во негова одбрана.

„Ајде излезе надвор и ќе ти објаснам пред салата. Додека јас сум капитен нема да навредуваш никого! Ако ништо не ти е јасно! Ме разбра?“, извика Лазиќ кон еден од навивачите.