Му ја скрши вилицата на капитенот на БиХ, па тој го бркаше по цел терен за да го истепа! (ВИДЕО)

Капитенот на кошаркарската репрезентација на БиХ, Миралем Халиловиќ нема по добро да го памети дуелот против Бубакар Туре, кој предизвика скандалозен инцидент и му ја скрши вилицата.

На крајот на третата четвртина Туре го удри Халиловиќ во главата, по што заработи исклучување, а Босанецот откако си дојде на себе, почна да го брка противникот за да го истепа. Сепак, за среќа реагираа останатите кошаркари и судии за да спречат поголем инцидент.

На Босанецот му е скршена вилицата и ќе паузира три месеци, а Туре мора да се појави пред Дисциплинската комисија на Франција и го чека суспензија до крајот на сезоната.

По инцидентот Туре се извини преку Твитер и порача дека не испратил добар пример на помладите кошаркари.