Моќно: Евролига спектакуларно го најави Ф4-турнирот во стилот на „Играта на престоли“! (ВИДЕО)

Шпанскиот град Виторија претстојниот викенд ќе биде домаќин на четирите најдобри екипи во кошаркарската Евролигата, настан кој денеска и официјално е промовиран со спектакуларно видео во стилот на светски популарната серија - „Игра на престоли“.

На турнирот кој ќе се одржи од 17 до 19 мај ќе настапат две турски екипи, Фенербахче и Ефес Пилсен, кои ќе ги одмерат силите во првото полуфинале, како и ЦСКА и Реал Мадрид во втората полуфинална пресметка. Најдобрите кошаркари и тренери се појавуваат во промотивното видео, во кое стратегот на „кралевите“ е прикажан како бранител на престолот, додека Атаман, Итудис и Обрадовиќ во улога на воини кои се решени да сторат сѐ за да му ја одземат титулата.