Миротиќ од лутина го скина дресот и тоа – среде натпревар (ВИДЕО)

Екипата на Барселона, синоќа, неочекувано и на домашен терен, загуби во пресметката со Асвел Вилербан (69-76), што беше осми неуспех за Каталонците сезонава во Евролигата.

По средбата, во центарот на вниманието се најде најплатениот европски кошаркар надвор од НБА, Никола Миротиќ, кој по прекршок што му беше досуден во напад, од лутина, го скина дресот во стилот на легендарниот американски борач, Хулк Хоган.