Манреса го изненади Хувентуд, Димитријевиќ постигна седум поени

Хувентуд загуби на гостувањето кај Манреса со 80-85 во возбудлив натпревар, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ постигна седум поени за неговата екипа.

Играта меѓу двата тима беше израмнета од самиот почеток, па постојано се менуваше водството, а првата четвртина ја доби Хувентуд со 21-19.

Во втората четвртина Манреса направи пресврт, па во еден момент имаше предност од пет поени 36-31, меѓутоа Хувентуд намали на еден поен негатива (35-36).

Војната на теренот продолжи и во третата четвртина, каде што следеше нов пресврт, и тоа овој пат од Хувентуд кој влезе во последниот период со водство од 62-59.

Екипата на Димитријевиќ почна полека да го губи темпото во последниот дел, а тоа го казни домаќинот, кој направи пресврт (70-68), а потоа предноста ја одржуваа до самиот крај (85-80).

Димитријевиќ постигна седум поени и две асистенции за Хувентуд, а имаше и три изгубени топки на натпреварот.