Макаби во финишот го скрши отпорот на Ц. Звезда, Панатинаикос славеше во Милано

Кошаркарите на Црвена Звезда беа поразени на гостувањето во Тел Авив кај Макаби во 12. коло од Евролигата со 76-81, додека Панатинаикос славеше против Милано со 80-77.

Српскиот тим водеше голема војна со нивниот ривал во текот на целиот меч. На самиот старт Ц. Звезда имаше водство од седум поени, по што Макаби влезе во серија и поведе со 23-20, а на полувреме замина со предност од 41-38.

Макаби притисна во третата четвртина, каде што нивната највисока предност изнесуваше 52-39, но до крајот Ц. Звезда успеа да намали на еден поен негатива (55-56).

Се водеше голема борба и во последната четвртина, а таму Макаби го скрши отпорот на Ц. Звезда во самиот финиш и триумфираше со 81-76.

Лојд беше најефикасен кај српскиот тим со 24 постигнати поени, додека кај Макаби најдобар беше Вилбекин со 23 поени.

Панатинаикос славеше против Милано со 80-77, додека Валенсија загуби од Алба Берлин со 92-100.