Лудница во Белград: Ц. Звезда со тројка во последната секунда ја урна Валенсија (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена звезда славеа со звукот на сирената на дуелот против Валенсија со 76-73 на домашен терен, во рамки на 11. коло во Евролига. Стрелец на победничкиот кош беше Американецот Лоренцо Браун.

„Црвено - белите“ успеаја да слават на евролигашкото деби на новиот тренер Драган Шакота, и тоа со тројка во последните секунди од натпреварот.

Прво Вивес промаши за Валенсија, а во последниот напад за Звезда, американскиот плејмејкер ја превзеде одговорноста и со тројка им донесе голема победа на домаќините.

Браун беше и најефикасен во победничкиот тим со 19 поени, додека на спротивната страна Бојан Дубњевиќ запиша 22 коша.