Литванска легенда пцуе на српски за да го разбере цел - свет (ВИДЕО)

Литванскиот тренер Шарунас Јасикевичиус повеќе од две децении е во кошарката, а од минатата сезона ја предводи Барселона и често има интересни ситуации во кои е главен актер, иако вчерашната против Макаби Тел Авив нема конкуренција.

Литванецот вчера на еден од тајм-аутите се обидуваше да му објасни на Роланд Шмитс каде му се грешките на теренот, по што ги загуби нервите и почна да кажува навредливи зборови на англиски, а заврши со пцовки на српски јазик.

Да потсетиме, Барселона беше поразена на вчерашниот меч со 94-99 по продолженија.