Лестер Бо Мекејлеб конечно има нов клуб!

Човекот кој го освои срцето на македонската јавноста со настапите во кошаркарската репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб од денеска ќе игра во потпросечна шпанска екипа, односно тимот на Фуенлабрада.

Мекејлеб, по дресот на Партизан, настапуваше уште и за екипите на Сиена, Фенербахче, Баерн Минхен, Лимож, Гран Канарија и Сарагоса од која пристигнува во Фуенлабрада.

Овој 34-годишен американски плејмејкер сигурно има уште што да покаже, па ќе биде квалитетно засилување за шпанскиот тим.