Ковид-19 во Фенербахче: Четворица заразени во кошаркарскиот клуб, еден е кошаркар!

Турскиот гигант Фенербахче објави дека четворица членови се заразени од новиот коронавирус, после тестовите што им беа направени на комплетниот тим, управата и вработените во клубот, па еден од четворицата е кошаркар, чие име не е објавено.

Откако првиот човек на клубот Али Кох пред неколку денови објави дека шестмина имаат симптоми на Ковид-19, експресно целиот тим беше ставен во карантин, а веднаш им беа земени брисови за тестови, по што кај четворица резултатите се покажале позитивни.

„Тестовите кои ги пративме на 21 март и сега од министерството за здравство ни стигнаа резултатите. Четворица членови се позитивни, меѓу нив и еден кошаркар, еден од техничкиот персонал и двајца членови на управата. Сите тие добро се чувствуваат, се наоѓаат во изолација и состојбата секјодневно им се следи“, објави турскиот гигант.

Фенер објави дека нема да ги открие имињата, почитуваји ја приватноста на секој од заразените.