Кошаркарите и стручниот штаб на Фенербахче испратени на тестирање во болница (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Фенербахче соопшти дека кошаркарите и вработените во клубот биле испратени во болница на тестирање, откако некои од нив почуствувале симптоми на коронавирусот.

Турција беше една од последните земји, кои ги суспендираа спортските натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот.