Контроверзниот газда на Панатинаикос имаше срцев удар!

Димитрис Јанакопулос, контроверзниот сопственик на Панатинаикос, имал срцев удар. Грчките медиуми објавија дека тој бил префрлен синоќа во болница со силни болки во пределот на градите.

По дополнителните медицински прегледи било откриено дека Јанакопулос доживеал срцев удар, а имал голема среќа затоа што навреме бил префрлен во болница.

Минатото лето Јанакопулос постојано даваше изјави дека Панатинаикос ќе ја напушти Евролигата, како и дека грчкиот клуб се наоѓа во тешка состојба, но и покрај тоа грчката екипа остана во европското натпреварување.