
Кампацо го отвори срцето среде Скопје: Сѐ што барам е да – играм (ВИДЕО)
Тој на синоќешниот тренинг на црвено-белите во „Јане Сандански“ пред камерите на регионалната телевизија „Спортклуб“ го отвори срцето и од луѓето кои ја предводат Евролигата побара само едно – да му дозволат да игра.
„Тажен сум бидејќи сакам да играм, а не ми дозволуваат. Не дојдов во Ц. Звезда да игра само во АБА, туку пред сѐ на евролигашките натпревари, но како што излгледа тоа нема да се случи пред март. Стискам палци и се надевам дека ќе се средат работите. Се надема дека нешто ќе се промени, но тоа не е во моите раце, тоа е нешто надвор од моја контрола. Затоа енергијата ќе ја насочам да тренирам најдобро и да бидам добар соиграч од клупата. Но, навистина се надевам дека нешто ќе се промени бидејќи ептен ми се игра во Евролигата“, порача Кампацо од Скопје (видеото од изјавата погледнете го ТУКА).
Аргентинецот не може да биде регистриран во Евролигата поради казната на Ц. Звезда за забрана за регистрирање нови засилувања поради нарушувањето на финансискиот фер-плеј, како и поради доставување лажни документи пред сезоната.