Mексикански кошаркар по завршување на кариерата ќе стане - политичар

Искусниот мексикански кошаркар, Густаво Ајон откри дека по кариерата би можел да се занимава со политика во неговата земја.

И покрај напорниот распоред, стигна да го заврши своето образование, па тоа би можело да му помогне во иднина.

„Размислував за иднината, завршив факултет. За неколку години ќе работам на тоа да станам министер за спорт во Мексико“, вели Ајон.

Овој 34-годишен кошаркар по пет години се пресели од Реал Мадрид во Зенит Санкт Петербург.