Хувентут славеше со пресврт: Димитријевиќ меѓу најдобрите

Екипата на Хувентут славеше со 95-86 на гостувањето кај Уникаха во рамки на 1.коло од ТОП 16 лигата на Еврокупот

Тимот на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ направи одличен пресврт во финишот и дојде до победата. Домаќинот водеше се до половина од третата четвртина, кога Хувентут почна да прави пресврт. 

Димитријевиќ постигна 13 поени со седум асистенции за 20 минути игра. Броџијански со 21 поен беше најдобар во победничкиот тим, додека Томиќ постигна 18. Томсон со 23 поени кај Уникаха беше најефикасен.