Хувентуд и Димитријевиќ ја решија Басконија и обезбедија плејоф во АЦБ-лигата

Хувентуд си обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во АЦБ-лигата откако вечерва славеше со 79-71 против Басконија во 34. коло од првенството.

Басконија беше подобар противник на почетокот на мечот и ја доби првата четвртина со 16-15, но потоа Хувентуд заигра многу подобро и на полувреме замина со предност од 40-32.

Во вториот дел се водеше голема борба меѓу двете екипи, а Хувентуд не му дозволи на ривалот во ниту еден момент да се приближи, па неговото водство во последната четвртина изнесуваше и +17 (71-54).

Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ помина речиси 19 минути на паркетот, а притоа постигна само два поени и имаше две асистенции.