Химки не успеа да го запре Ефес, Фенербахче сигурен против Жалгирис

Вечерва беа одиграни два натпревари во Евролигата, а Анадолу Ефес стигна до нова победа, откако го совлада Химки со 81-72.

По првото полувреме резултатот беше 36-34, а во продолжение Ефес заигра многу подобро и го реши мечот во третата четвртина, кога стигнаа до предност од +17 (59-44).

Химки успеа малку да се врати во дуелот, но не успеа да им се приближи премногу на противниците, па загуби со 72-81.

Најдобар кај победничкиот тим беше Мичиќ со 16 поени, додека кај гостите од Москва најефикасен беше Мики со 14 поени.

На вториот меч, кој се одигра вечерва, Фенербахче без проблеми го совлада Жалгирис со 78-61.