Голем удар за Евролигата: Панатинаикос „потпишува“ за ФИБА!

Кошаркарската Евролига доби голем удар, откако сопственикот на грчкиот гигант Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, бесен го напушти денешниот состанок со раководството на лигата и веднаш најави преселба во Лигата на шампионите на ФИБА.

Газдата на тимот од Атина беше доби едногодишна забрана за присуство на средбите на својот тим, кој тој веднаш ја прекрши. Потоа ги навредуваше навивачите на Фенербахче, а имаше и други големи расправии со челниците на Евролигата.

Јанакопулос денеска и на социјалните мрежи ја потврди веста за преселба во ФИБА.

„Панатинаикос се враќа онаму каде што кошарката и треба да биде... Крај!“, напиша екцентричниот грчки бизнисмен, кој подоцна објави и фотографија на која за првиот човек на УЛЕБ вели дека е мафијаш.

А, настапот во натпреварувањето на ФИБА дефинитивно значи напуштање на Евролигата бидејќи не постои шанса за играње во двете натпреварувања истовремено.