Ги нарече кошаркарите на Барса - бедни стаорци, па си „лапна“ драконска казна! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа својот лут ривал Барселона на свој терен со 86:76, во рамки на 8. коло од Евролигата, меч кој се одигра минатата недела.

Но, овој натпрервар ќе остане во сенка поради жестоката навреда на докторот на Реал Мадрид, Мигел Анхел Лопез, кон противничките кошаркари.

Лопез на почетотот од натпреварот одржа мотивациски говор кој жестоко го чинеше. Тој ги нарече противничките кошаркари „бедни стаорци“, а потоа им се извини, но не му помогна.

Поради тоа Евролигата строго го казни денеска со глоба од дури 15.000 евра. Казна од 4.000 евра доби и тимот на Реал Мадрид за однесувањето на нивниот вработен. Ако Лопез направи сличен испад во блиска иднина, тогаш ќе добие долга суспензија.