Германски десант на Москва: Алба по 20 години првпат ја победи ЦСКА (ВИДЕО)

Кошаркарите на Алба ставија крај на две децениската црна серија против актуелниот европски шампион, откако на сензационален начин, како гости, ја совладаа ЦСКА Москва (93-88), што за нив е прв триумф против овој противник во 21. век.

Згора на ова, победата во Русија воедно е и прва за германскиот тим сезонава во Евролигата, по стартните, релативно лесни, три порази. Симоне Фонтекио одигра фантастично и со 20 поени ја предводеше Алба до подвиг во Москва, додека кај домаќините тандемот Џејмс и Клејбурн постигнаа заедно 52 поени, но попусто без преголем ефект и за прв пораз од Алба во последните 20 години. За „црвеноармејците“ ова беше втор пораз во четвртиот меч од нвоата евролигашка сезона.