Гасол замина во пензија: Коби ме научи како се станува победник!

Легендата на шпанската кошарка Пол Гасол официјално ја заврши кариерата, и тоа четири месеци откако го одигра својот последен меч во кариерата.

Поранешниот шампион во НБА и соиграч на легендарниот Коби Брајант се збогуваше со солзи во очите, а одлуката дека заминува во пензија ја соопшти на прес-конференција.

„Во текот на долгата кариера работев со многу луѓе. На сите им должам голема благодарност. Од новинари, кои ме следеа на патувања и поради кои нашата работа има влијание врз останатите луѓе. Сакав да му се заблагодарам посебно на Коби Брајант, зашто тој мораше да биде тука и ме подготви да влезам во натпреварувањето со мажи. Тој и неговата ќерка ми недостигаат. Ме научи да бидам победник. Го гледав како повозрасен брат“, кажа Шпанецот