Француски кошаркар за малку ќе останел без нозе

Францускиот кошаркар Лео Вестерман за малку ќе останел без нозе поради повреда по силен удар, кој го добил на натпревар во октомври минатата година.

Членот на ЦСКА Москва завршил во болница, откако му пукнала артерија, а лекарите тоа не го откриле веднаш и Французинот можел да остане без нозе.

„Лекарите не направиле добра дијагноза. Чувствував голема болка и наредното утро завршив на операција. Кога се разбудив, имав две големи дупки на нозете. Хирургот ми кажа дека ќе морале да ми ги ампутираат нозете, ако сум задоцнел неколку часа“, кажа Вестерман.

Францускиот кошаркар по операцијата паузираше до крајот на јануари, кога се врати на паркетот.

„Изгубив околу литар и половина крв. Бев приклучен на машина, која ја земаше крвта од нозете. Хирургот работеше на принцип како кај луѓе кои биле гризнати од ајкула. Имав рана околу десет сантиметри и не можев да одат еден месец по операцијата“, објасни Французинот.

На крајот сѐ завршило во најдобар ред и тој без никакви последици се вратил на кошарката.