Финансиска криза во Истанбул: Фенербахче останува без големите ѕвезди

Турскиот кошаркарски гигант е погоден од финансиска криза и поради тоа мора да се раздели со траојца одлични кошаркари, кои беа меѓу лидерите на екипата.

Никола Калиниќ, Жофри Ловерњ и Дерик Вилијамс најверојатно од следната сезона нема повеќе да бидат членови на Фенербахче.

Покрај нив, од екипата е планирано да замине и Костас Слукас, кој наводно се договорил со Олимпијакос, додека Лујџи Датоме е блиску до Милано, а Лео Вестерман до Асвел.