Фенерџијата покажа заби: Химки го шокираше Реал Мадрид

Реал Мадрид беше непријатно изненаден во Евролигата откако загуби од „фенерџијата“ Химки со 77-78.

Руската екипа беше целосен аутсајдер во денешниот меч, но тоа не направи никаква разлика на теренот, зашто кошаркарите на Химки им пресудија на „кралевите“.

Швед и Меколум беа најдобри во редовите на Химки и постигнаа по 22 поени, додека кај Реал Мадрид најдобар беше Керол со 15 поени.

Зенит не дозволи никакво изненадување од Алба Берлин, па ја реши германската екипа со убедливи 87-71.