Фенербахче реди победи во Евролигата - падна и Баерн Минхен!

Фенербахче ја запиша третата победа по ред во Евролигата, откако вечерва славеше на гостувањето кај Баерн Минхен со 77-68.

Баварците одиграа солидно прво полувреме против големиот ривал и на паузата заминаа само со еден поен негатива (34-35), но потоа турскиот гигант со одлична трета четвртина им избега на солидни девет разлика.

Баерн во последната четвртина успеа да намали на пет разлика (68-73), но Фенербахче не дозволи пресврт и триумфираше со 77-68.

Де Коло беше најдобар во екипата на Фенербахче со 21 поен, додека во редовите на Баерн најефикасен беше Болдвин со 20 поени.

Останати резултати:

Панатинаикос – Басконија 82-97
Макаби Тел Авив – Барселона 99-94