Фенербахче направи „брејк“ против Жалгирис

Фенербахче одигра одличен меч на гостувањето во Каунс и славеше со 66-57 против Жалгирис, па така поведе со 2-1 во плејоф-серијата.

Фенербахче прв стигна до водство (5-2) во Каунас, но потоа следуваше подобра игра на домаќините, кои направија пресврт (19-15).

Во втората четвртина Жалгирис успеа да зголеми и на девет поени (32-23), но на полувреме заминаа само со три поени предност (34-31).

Турскиот тим успеа да направи пресврт на стартот на второто полувреме и стигна до 49-46. Во последната четвртина се водеше голема борба, а на средината на последната четвртина Фенербахче го скрши противникот и славеше со 66-57.

Нејт Волтерс постигна 15 поени кај поразениот тим, додека најдобар кај Фенербахче беше Марко Гудуриќ со 17 постигнати поени.