Фенербахче ја прекина серијата од четири порази, Олимпијакос немоќен во Русија

Кошаркарите на Фенербахче ја прекинаа серијата од четири порази во Евролигата и во 11. коло триумфираа против Зенит со 73-65, додека ЦСКА Москва беше убедлива против Олимпијакос со 81-60.

Турскиот тим на полувреме имаше водство од 45-32, но Зенит се разбуди во третата четвртина, која ја доби со 21-8 и така израмни на 53-53. Сепак, Фенербахче собра сила и во завршницата од натпреварот успеа да ја прекине катастрофалната серија.

Јан Весели за турскиот тим постигна 17 поени, додека Кевин Пангос за Зенит постигна 16 поени.

Олимпијакос покажа отпор само во првата четвртина, која им припадна на Русите со 20-19, по што беа решени дилемите за победникот на натпреварот. ЦСКА ги доби следните две четвртини со 19-10 и 17-9, па со рутинска игра до крајот триумфираше со 80-61.

Џејмс за ЦСКА постигна 16 поени, додека Принтезис беше најефикасен кај Олимпијакос со 10 поени.