Фенербахче игра во неверојатна форма - ја запиша деветтата победа по ред (ВИДЕО)

Кошаркарите на Фенербахче на почетокот на сезоната во Евролигата делуваа како екипа од дното на табелата, но во последно време играат фантастично и вечерва против Зенит ја запишаа деветтата победа по ред. 

Турците славеа против рускиот тим со 92-84 во рамки на 24.коло во елитата. Фенер победата ја обезбеди со добра игра во последниот период, а играч на натпреварот беше Нандо де Коло со 24 поени, додека Марко Гудуриќ постигна 19 поени. 

Фенербхаче сега има 14 победи и 10 порази сезонава во Евролигата, додека Зенит е со скор од 13 победи и 9 порази.