Фенербахче го доби турскиот двобој, Жалгирис го совлада Будуќност

Кошаркарите на Фенербахче запишаа нов триумф во 23. коло од Евролигата, откако денеска на гостувањето кај Дарушафака славеа со 97-75.

Во првата четвртина Фенербахче покажа зошто е лидер на табелата во Евролигата, откако ја доби со 26-12, а до полувреме Дарушафака успеа да намали на 35-46.

Како минуваше времето, Фенербахче играше многу добро, па во третата четвртина повторно направија голема разлика и на крајот славеа со 97-75.

Најефкасни беа Марко Гудуриќ со 16 поени, а Никола Калиниќ постигна 15 поени за својот тим.

Жалгирис Каунас беше подобар од Будуќност во вториот меч вечерва, откако на домашен терен славеа со 84-76.