Федерацијата одлучи: Италијанското кошаркарско првенство е завршено!

Италијанското кошаркарско првенство е прекинато и истото повеќе нема да продолжи, вака гласи одлуката на тамошната кошаркарска федерација.

Италијанската кошаркарска федерација потврди дека првенството е завршено по нецелосното 21-во коло поради пандемијата на коронавирус што најмногу ја погоди оваа земја.

Виртус Болоња беше лидер во шампионатот до паузата, а во изјавата на Кошаркарската федерација на Италија се вели дека во моментов е невозможно сезоната да продолжи.

Засега е непознато дали Виртус ќе биде прогласен за шампион и дали двата последнопласирани тимови ќе бидат преместени во Лига Б.

Со сигурност е само едно, дека нема да има повеќе кошарка во Италија оваа сезона, додека сè уште е неизвесно како ќе заврши фудбалската сезона во Серија А.