Евролигата демантира: Нема да има формирање на НБА дивизија во Европа

Кошаркарската Евролига потврдува дека имала состаноци со раководни лица од НБА-лигата и од ФИБА, но ги негираше сите шпекулации дека се подготвува формирање на НБА Европа, односно ново натпреварување под капата на најсилното кошаркарско натпреварување во светот. 

Низ спортски медиуми на Стариот континент се појавија шпекулации дека НБА и ФИБА преговараат за формирање на Европска НБА-лига. Потврдено дека имало состанок помеѓу Евролигата, НБА и ФИБА во септември на кој се дискутирало за унифицирање на европската кошарка, но никогаш не станало збор за формирање на НБА-лига во Европа.

Евролигата исто така и официјално негираше дека претседателот на ова натпреварување Жорди Бартомеу добил писмо од комесарот на НБА, Адам Силвер со кое го информирал за плановите за формирање на Европска НБА.