Евролига: Три одлагања, па потоа службен резултат 20-0

Клубовите во Евролигата силно реагираа на одлуката некои натпревари да бидат регистрирани со службени 20-0, откако неколку тимови не можеа да составот ростер поради заразени со Ковид-19. 

Минатата недела Зенит немаше барем осум играчи во тимот и службено ги загуби натпреварите со Басконија и Валенсија со 20-0. Асвел-Вилербан не играше против Панатинаикос и Црвена Звезда исто така поради многу позитивни случаи на коронавирус во тимот. Химки иако имаше исто така многу позитивни во тимот, сепак ростерот го пополни со играчи од младинскиот состав и загуби против Реал Мадрид и Басконија.

На денешниот состанок на челниците на Евролигата променето е правилото за службена победа во случај на позитивни кошаркари на Ковид-19. Тимовите кои се силно погодени од вирусот ќе можат да го одложат натпреварот дури три пати, па потоа доколку не може да се одигра, односно нема термин, тогаш конечниот резултат да биде со службени 20-0.